Достапни линкови

Американски сенатори бараат санкции против Русија


Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама

Неколку американски сенатори испратија писмо до претседателот Барак Обама, во кое бараат спроведување на нови санкции против Русија и во кое наведуваат дека самопрогласената република во Доњецк треба да биде назначена како странска терористичка организација. Водечките сенатори на демократската партија писмото го испратиле вчера.

Според нив, доказите укажуваат оти проруските сепаратисти ги прекршуваат човековите права и претставуват закана за животите на невините Украинци, како и за останатите кои патуваат преку воздушниот простор на земјата.

XS
SM
MD
LG