Достапни линкови

Авионите со телата на жртвите пристигнаа во Холандија


Украинските војници ги поставуваат ковчезите со телата на жртвите во авионите

Украинските војници ги поставуваат ковчезите со телата на жртвите во авионите

Двата воени авиони кои пренесуваа 40 ковчези со телата на жртвите од соборениот малезиски авион пристигнаа во холандскиот град Ајдховен. Претходно на церемонијата на аеродромот во Харкив, украинскиот вицепремиер Володимир Гројсман изјави дека соборувањето на авионот бил нехуман терористички акт, кој бил извршен со помош на Русија. Сите 298 патници и членови на екипажот загинаа при падот на авионот на 17 јули во источна Украина.

XS
SM
MD
LG