Достапни линкови

Наумовски запознаен со досегашните активности за името


Васко Наумовски

Васко Наумовски

Претседателот Ѓорге Иванов денеска оствари средба со Зоран Јолевски и Васко Наумовски, досегашниот и идниот пратеник на Македонија во разговорите за името со Грција кои се водат под покровителство на ОН. Според соопштението, на средбата Наумовски бил запознаен со досегашните активности во рамки на процесот. Иванов му посакал успешно вршење на должноста, а на Јолевски му се заблагодари за досегашниот ангажман.

XS
SM
MD
LG