Достапни линкови

Бил Клинтон: на повидок свет без сида


Поранешниот американски претседател Бил Клинтон на меѓународната конференција за сидата што се одржува во Мелбурн изјави дека се гледа крајот на оваа смртоносна заразна болест. Тој додаде дека се уште секоја година со вирусот ХИВ се заразуваат околу 2 милиона луѓе, од кои половината не добиваат никаков третман. Во светот има околу 35 милиони луѓе кои живеат со овој вирус. Обединетите нации поставија задача до 2030 година да ја елиминираат оваа болест. Клинтон им оддаде почит на шесттемина делегати кои загинаа во малезискиот патнички авион што беше соборен над источна Украина.

XS
SM
MD
LG