Достапни линкови

Преговарачи на далечински управувач


Васко Наумовски е нов преговарач во спорот за името со Грција.

Васко Наумовски е нов преговарач во спорот за името со Грција.

Денеска секој може да биде дипломат и преговарач, коментираат дел од експертите по објавата дека Васко Наумовски е нов преговарач во спорот за името со Грција.

Домашната јавност нема големи очекувања од Васко Наумовски, новиот преговарач за спорот за името, но и од неговата улога во преговарачкиот процес. Денеска секој може да биде дипломат и преговарач, вели професорот Нано Ружин, според кој доволно е да поседуваат три критериуми: да биде добар слушател, веродостојно да ги пренесува позициите на власта и да биде затворен за јавноста.

Преговарачите се обични апарати кои функционираат со далечински управувач. Тие немаат никаква улога во преговарачкиот процес, тие се само пренесувачи, а со сегашната технологија не се ни потребни.

„Во македонската дипломатија стана пракса дека секој може да биде дипломат, дека секој може да биде министер, секој може да биде преговарач, доколку биде дисциплиниран, добар слушач, да не зборува ништо за медиумите и успешно да ги пренесува позициите на актуелната власт“, изјави Ружин.

Mедијаторот во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц и доскорешниот македонски преговарач Зоран Јолевски.

Mедијаторот во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц и доскорешниот македонски преговарач Зоран Јолевски.

Според професор Мерсел Биљали пак позицијата преговарач воопшто не е потребна. Нивната улога е формална, тие не смеат да кажат ништо повеќе од тоа што власта им го дозволила да го кажат.

„Преговарачите се обични апарати кои функционираат со далечински управувач. Тие немаат никаква улога во преговарачкиот процес, тие се само пренесувачи, а со сегашната технологија не се ни потребни.“

Обично нашиот преговарач е повеќе добар слушател на она што ќе му се каже како директива, отколку силен или јак поттикнувач на некакво решение на проблемот.

Функцијата преговарач се сведува на спроведување на одлуките на центрите на власт, што значи дека тој нема голем простор за маневрирање, вели Ружин. Според него преговарачот треба да го одглуми расположението на Владата и да си замине.

„Не е потребна некоја голема умешност или знаење, повеќе се сведува познавањето на англискиот јазик за комуникација, пред се контролата пред медиумите, така што обично нашиот преговарач е повеќе добар слушател на она што ќе му се каже како директива, отколку силен или јак поттикнувач на некакво решение на проблемот“, вели Ружин.

Не очекувам никаков импулс во контекст на интензивирање на преговарачкиот процес со изборот на новиот преговарач, оти проблемот со името се решава само помеѓу македонскиот и грчкиот премиер, а во присуство на релевантниот посредник, вели Биљали.

„Немаат право на размислување и обично ги праќаат тие луѓе кои ниту имаат капацитет, ниту имаат волја за да решаваат проблеми, туку само имаат желба.“

Васко Наумовски е четвртиот преговарач за името во досегашната историја на преговорите. Прв македонски преговарач беше Вања Тошевски, него го наследи Никола Димитров, а актуелниот министер за одбрана Зоран Јолевски му беше претходник на Наумовски.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG