Достапни линкови

logo-print

Во судирите во Газа загинале над 650 луѓе


Со напредувањето на израелската војска во Појасот Газа се интензивираат судирите со радикалното палестинско движење Хамас. Од почетокот на израелската офанзива досега, според болнички извори, биле убиени над 630 палестинци. Израелската војска наведе дека убила 180 милитанти, додека Обединетите нации соопштија дека три четвртини од бројот на загинатите биле цивили. Во судирите загинале и и 27 израелски војници и двајца цивили. Од Појасот Газа кон Израел биле истрелани над две илјади и сто ракети од кои 420 биле пресретнати од израелскиот одбранбен систем. Другите паднале на израелска територија. Досега своите домови ги напуштиле скоро 120 илјади палестинци кои биле сместени во 77 прифатни центри на Обединетите нации. Според палестински извори во Газа биле уништени скоро 500 куќи.

XS
SM
MD
LG