Достапни линкови

logo-print

Иванов ќе се сретне со Јолевски и Наумовски


Васко Наумовски

Васко Наумовски

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе има средба со Зоран Јолевски и Васко Наумовски, досегашниот и идниот специјален пратеник на шефот на државата во разговорите за името со Грција кои се водат под покровителство на ОН. Кабинетот на Иванов синоќа соопшти дека идниот македонски амбасадор во Вашингтон, Васко Наумовски, со одлука на претседателот на државата е поставен на должноста специјален пратеник во разговорите што ги води медијаторот на ОН Метју Нимиц. Наумовски ќе го замени Зоран Јолевски, кој во новиот владин состав е именуван за министер за одбрана.

XS
SM
MD
LG