Достапни линкови

Израел со критика за американската забрана на летови


Израел ги обвини САД за помагање на тероризмот, откако федералните регулатори им забранија на американските авио превозници да го користат аеродромот во Тел Авив поради ракетниот оган од Хамас.

Израелскиот министер за транспорт изјави дека аеродормот Бен Гурион во Тел Авив е сосема безбеден и чуван.

Вчера американската Сојузна воздухопловна управа им забрани на сите американски авиокомпании да го користат аеродрмот Бен Гурион за најмалку 24 часа. Одлуката уследи откако во близина на аеродромот имаше ракетен напад.

Според израелските власти привремената американска забрана е непотребна, затоа што Израел има систем за противракетна одбрана со кој се заштитени авионските летови над Тел Авив.

Има некои шпекулации дека забраната за летање е потег од страна на Вашингтон за да се изврши притисок на Израел, но Стејт департментот го негира тоа.

XS
SM
MD
LG