Достапни линкови

Mожна оставка на бугарската Влада


Бугарската Влада на премиерот Пламен Орешарски, би можела да поднесе оставка по седницата која треба да се одржи денеска, соопшти потпреседателот на Народното собрание на Бугарија, Маја Манолова.

Претходно извори во двете владејачки партии - Бугарската социјалистичка партија (БСП) и Движењето за права и слободи (ДПС) потврдиле дека Владата ќе поднесе оставка до крајот на оваа недела.

Најавата за оставка на Владата уследи откако вчера не се одржаа најавените политички консултации во бугарскиот Парламент, затоа што на нив не се појавија пратениците на опозициската партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ).

Манолова најави дека и покрај неуспешни консулатации, најдоцна до 5 август ќе се одржи седница на Собранието на кое ќе биде донесена одлука за негово распуштање, со цел, согласно претходно постигнатиот договор, предвремените парламентарни избори да се одржат на 5 октомври.

Последните парламентарни избори во Бугарија се одржаа лани во мај.

XS
SM
MD
LG