Достапни линкови

Нови судири во Либија, најмалку 20 жртви


Најмалку 20 луѓе загинаа во новите судири меѓу милициите и армиските сили во либискиот град Бенгази.

Локалните медиуми објавија дека во самоубиствен напад врз воена база доцна синоќа загинале најмалку четири лица.

Претходно, либиските медиуми јавија за 16 загинати во судирите кои започнаа на 21 јули меѓу армијата и милициите.

Битките уследи по еднонеделните борби во либискиот главен град меѓу ривалските милиции за контрола на Меѓународниот аеродром во Триполи.

XS
SM
MD
LG