Достапни линкови

Бомбашки напад во Багдад, најмалку 21 жртва


Архивска фотографија - експлозија на автомобил бомба во близина на Багдад.

Архивска фотографија - експлозија на автомобил бомба во близина на Багдад.

Најмалку 21 луѓе загинаа, а 35 се повредени во синоќешниот самоубиствен бомбашки напад во Багдад. Полицијата соопшти дека бомбашот самоубиец се довезол во автомобил полн со експлозив до полициски контролен пункт по што го активирал експлозивот. Меѓу загинатите има и седуммина полицајци.

Полицијата соопшти дека во моментот на нападот имало долга колона возила што чекале на пунктот. Многумина од нив биле упатени кон Светилиштето на Имамот Ал-Хадим во пресрет на Рамазан Бајрам. Сунитските милитанти од Исламската држава Ирак и Левант претходно ја презеде контролата врз градот Мосул и се стравува дека ќе тргнат на југ кон главниот град на Ирак. Во изминатите неколку недели во Багдад имаше неколку помали бомбашки напади.

XS
SM
MD
LG