Достапни линкови

Во Холандија ден на жалост за жртвите од соборениот малезиски авион


Холандскиот премиер Марк Руте соопшти дека во Холандија денеска е прогласен ден на жалост за жртвите од соборениот малезиски авион над источна Украина на 17 јули.Тој рече дека првите тела на загинатите во несреќата денеска треба да пристигнат во Холандија. Од 298 патници и членови на екипажот во авионот, 193 беа Холанѓани.

Набљудувачите на ОБСЕ во Украина соопштија дека вчера биле пренесени повеќе од 200 тела од територијата под контрола на бунтовниците во Харков, во делот кој е под контрола на украинската влада. Тимот на Интерпол во Харков почна со идентификација на дел од телата. Набљудувачите на ОБСЕ соопштија дека сè уште има човечки останки на местото на падот на авионот. Британски истражители на воздухопловни несреќи ќе ги прегледуваат црните кутии од авионот што беа предадени од проруските бунтовници. Украински и западни претставници велат дека се зголемуваат доказите дека малезискиот авион на 17 јули бил соборен од проруските сепаратисти.

XS
SM
MD
LG