Достапни линкови

logo-print

ЕУ ќе ги забрза проширените санкции кон Русија


Министрите за надворешни работи од ЕУ се согласија да ги забрзаат проширените санкции кон Русија по соборувањето на малезискиот патнички авион над источна Украина, зад што, верува Западот, стојат проруските милитанти.

На вчерашната средба во Брисел, министрите одлучија да ги забрзаат „конкретните мерки“ што беа договорени на Самитот на лидерите на земјите од ЕУ оваа недела и го поставија рокот за проширување на санкциите до крајот на месецов.

Според новинската агенција Ројтерс, министрите за надворешни работи од ЕУ за прв пат ја отвориле можноста за ограничување на пристапот на Русија до европските пазари на капитал, одбрана и енергетски технологии.

Шефот на британската дипломатија Филип Хамонд изјави дека Лондон сака мерките да се насочат кон пријателите и сојузниците на рускиот претседател Владимир Путин за да се изврши притисок врз Русија да престане да се меша во Украина.

Претставници на ЕУ треба да разговараат за листата на проширени санкции. Украински и западни претставници велат дека се зголемуваат доказите дека малезискиот авион на 17 јули бил соборен од проруските сепаратисти.

XS
SM
MD
LG