Достапни линкови

Васко Наумовски нов преговарач за името


Васко Наумовски.

Васко Наумовски.

Васко Наумовски, идниот амбасадор на Република Македонија во САД, со одлука од претседателот Ѓорге Иванов, е поставен на должноста специјален пратеник на претседателот во разговорите за разликата околу името со Грција кои се водат под покровителство на ОН, соопштуваат од кабинетот на претседателот Иванов .

Досега функција специјален пратеник на претседателот во разговорите за името ја извршуваше Зоран Јолевски, кој во новиот владин состав е именуван за министер за одбрана.

XS
SM
MD
LG