Достапни линкови

Путин предупредува на зајакнувањето на НАТО силите


Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека НАТО силите ги зајакнуваат своите позиции во близина на руската граница. Тој говорејќи за време на седницата на Советот за безбедност во Москва изјави дека Русија мора да реагира соодветно на чекорот на НАТО, но дека тоа не претставува директна закана за територијалниот суверенитет и интегритет на земјата. Путин додаде дека ќе бидат преземени чекори да се намали зависноста на националната економија и финансиските фактори од надворешни фактори.

XS
SM
MD
LG