Достапни линкови

Франција, Германија и Италија со осуда за антисемизмот


Министерствата за надворешни работи на Франција, Германија и Италија го осудија антисемитското насилство на наеодамнешните протести. Во заедничкото соопштение е наведено дека нема место во општеството за антисемитска реторика и непријателство спрема Евреите, како и за нападите врз нив и врз синагогите.

Според нив, иако ја почитуваат слободата на говор тие се против акти кои ја преминуваат линијата кон антисемизам, расизам и ксенофобија. Реакцијата доаѓа по насилните протести во Франција при кои беа вандализирани продавници во сопственост на Евреи. Исто така имаше протести и во Германија, каде демонстрантите извикуваа антисемитски слогани.

XS
SM
MD
LG