Достапни линкови

logo-print

Во Турција уапсени десетици полициски офицери


Најмалку 76 полициски офицери биле уапсени денеска во 22 провинции во Турција, под сомнение за вмешаност во шпионирање и илегално прислушкување при истрагата за корупција на премиерот Реџеп Таип Ердоган и луѓето од неговото опкружување. Како што јави Си Ен Ен Турк, многумина од уапсените имале клучни улоги во истрагата за корупција, која во декмври, минатата година доведе до оставки на 4 владини министри. Ердоган таа истрага ја нарече обид за негово соборување, оркестриран од паралелни структури, лојални на исламскиот клерик Фетула Ѓулен, кој живее во САД.

XS
SM
MD
LG