Достапни линкови

Министерски состанок на ЕУ за можни нови санкции против Русија


Министрите за надворешни работи на Европската Унија, на денешниот состанок во Брисел ќе расправаат за можни нови санкции против Русија по паѓањето на малезијскиот патнички авион во источна Украина. Претставници на САД и на ЕУ тврдат дека има се повеќе докази оти авионот бил соборен од про-руските сепаратисти, при што загинаа 298 луѓе. Про-руските сепаратисти вчера им ги предадоа црните кутии на претставници на Mалезија, исто така се согласиле телата на настраданите да бидат однесени со воз во Харков.

XS
SM
MD
LG