Достапни линкови

И денеска израелски воздушни напади врз Газа


Палестински претставници соопштија дека во денешната серија израелски воздушни напади врз Појасот Газа, загинале 7 лица. Од почетокот на израелската воена офанзива во Газа на 8-ми јули, како одговор на ракетните напади од Хамас, досега загинале 580 луѓе. Палестинците тврдат дека најголемиот дел од загинатите се цивили. При нападите на Хамас врз израелска територија биле убиени 27-мина војници и двајца цивили.

Продолжуваат и дипломатските напори за смирување на конфликтот. Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун, по вчерашната средба во Каиро со американскиот државен секретар Џон Кери, денеска ќе го посети Израел. Предвидени се разговори со премиерот Бенјамин Нетанјаху, а потоа Бан Ки Мун би требало во Газа да се состане и со палестински претставници.

XS
SM
MD
LG