Достапни линкови

Бунтовниците ги предале црните кутии од соборениот авион


Про-руските бунтовници во источна Украина ги предале на малезиски експерти двете црни кутии од соборениот малезиски авион. Лидерот на сепаратистите Александар Бородај ги предал снимачите на податоците за летот рано денеска во Донетск. По предавањето на кутиите двете страни потпишале документ, за кој Бородај рекол дека претставува протокол за завршување на процедурата.

Полковник Мохамед Сакри од малезискиот национален Совет за безбедност изјави дека двете црни кутии се во добра состојба. Едната кутија ги содржи сите разговори во пилотската кабина, а другата сите податоци за летот. Останува да се види дали тие ќе понудат одговор за тоа што се случи со авионот.

XS
SM
MD
LG