Достапни линкови

Обама и Коморовски разговарале за ситуацијата во Украина


Американскиот претседател Барак Обама и неговиот полски колега Бронислав Коморовски телефонски разговараа за потребата од зголемување на трошоците за одбрана во Европа, по соборувањето на малезискиот патнички авион над источна Украина. Според соопштението на Белата Куќа, двајцата лидери исто така ја истакнале важноста на трансатлантското единство „како одговор на трагичното соборување на авионот и руските напори да ја дестабилизира Украина“.

Франс Прес јавува дека вчерашниот телефонски разговор меѓу Обама и Коморовски доаѓа еден ден пред состанокот на лидерите на 9 членки на НАТО од централна и источна Европа, што ќе биде одржан во Варшава.

XS
SM
MD
LG