Достапни линкови

Басеску: Русија стана партнер на терористите


Романскиот претседател Трајан Басеску изјави дека неговиот руски колега Владимир Путин „не може да бега од одговорноста“ во врска со минатонеделната несреќа на малезискиот авион во источна Украина. Басеску изјави дека подеднакво одговорни за кризата во Украина и за трагедијата на мализискиот авион се „ Руската Федерација и терористите кои ги окупираа Доњецк и Луганск во источна Украина “. Русија стана партнер на овие терористи преку политичката, поддршката со стручен персонал и со вооружување од сите категории, вклучувајќи и тешки оружја, рече тој.

Тоа што се случи во Украина беше терористички акт, што доведе до убиство на 298 лица, истакна Басеску. Тој забележа дека во источниот дел на Украина се води „хибридна војна“, која тешко може да се дефинира со воена терминологија.

XS
SM
MD
LG