Достапни линкови

Дипломатски напори за запирање на судирите во Газа


Се зголемуваат дипломатските напори за запирање на непријателствата меѓу Израел и Хамас, додека бројот на загинати Палестинци достигна 500. Американскиот Државен секретар Џон Кери вчера пристигна во регионот со мисија да биде постигнат прекин на огнот во 14-дневниот конфликт, што е можно побргу. Тој во Каиро се сретна со Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, при што најави дека САД ќе обезбедат 47 милиони долари хуманитарна помош за Газа.

Предвидено е Бан денеска да отпатува за Израел на разговори со премиерот Бенјамин Нетанјаху, како и со палестински претставници на Западниот Брег.

Во меѓувреме насилствата продолжуваат. Израел вчера нападна крајбрежен појас при што уби 28 членови на едно семејство, а според армиското соопштение, загинале и 7 израелски војници.

XS
SM
MD
LG