Достапни линкови

Има напредок во прилагодување на македонските со европските закони, но на европскиот пат се испречи бојкотот на опозицијата, велат пратениците од власта.

Македонија не само што ги усвојува законите со европско знаменце, туку и работи на нивна примена, рече вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими на собраниската комисија за европски прашања. На усогласување на македонското со европското право работат многу луѓе, а и одвоени се повеќе пари за тој процес.

За Република Македонија исклучително е битно да премине на наредната фаза, на преговори со ЕУ, за интензивирање на реформите, уште повеќе реформите што досега сме ги реализирале.

Но на европскиот пат се испречи бојкотот на опозицијата, велат пратениците од власта. За првпат по изборите во Собранието седна и пратеничката Солза Грчева, една од пратеничките која и покрај одлуката за бојкот на Парламентот го прифати мандатот, за како што рече, да ги изрази јавно своите ставови, но на денешната собраниска комисија таа не зборуваше.

Во првите шест месеци од оваа година од 27 предвидени закони донесени се 11, пет се во постапка, а три се во меѓуресорска расправа. За годинава е предвидено да се донесат 57 закони со европско знаменце.

Оваа земја не само што нема напредок од аспект на евроинтеграциите, туку верувајте дека е во регрес, за разлика од сите други земји на Балканот, затоа што на едната страна ѝ се оспоруваат елементарните човекови права.

Бесими вели дека земјата добро си ја извршува европската агенда.

„За Република Македонија исклучително е битно да премине на наредната фаза, на преговори со ЕУ, за интензивирање на реформите, уште повеќе реформите што досега сме ги реализирале “, рече Бесими.

Пратеничката Мерал Узеири Ферати од ДПА ѝ забележува на власта дека не ги почитува европските стандарди, оти, како што вели, не ги почитуваат правата на Албанците.

Со ваквиот однос, нашата опозиција само дава инструмент повеќе во рацете на оние коишто не сакаат Република Македонија да биде дел од ЕУ и од НАТО и е сојузник, за жал, на нашиот јужен сосед Грција.

„Оваа земја не само што нема напредок од аспект на евроинтеграциите, туку верувајте дека е во регрес, за разлика од сите други земји на Балканот, затоа што на едната страна ѝ се оспоруваат елементарните човекови права“, рече таа.

Пратениците од ДУИ и од ВМРО-ДПМНЕ се согласија дека европската агенда треба да биде на врвот, и ги повикаа пратениците од опозицијата да се вратат во парламентот за да не се одрази бојкотот на датумот за преговори.

Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ вели дека однесувањето на СДСМ не оди во прилог евроатланските интеграции на земјата.

„Со ваквиот однос, нашата опозиција само дава инструмент повеќе во рацете на оние коишто не сакаат Република Македонија да биде дел од ЕУ и од НАТО и е сојузник, за жал, на нашиот јужен сосед Грција“, вели Бонева.

Пратеничката Нора Алити од ДУИ на собраниската говорница посака државните интереси да бидат над партиските и сите да се обединат околу европската иднина. На Македонија и треба опозицијата, рече Алити.

Пратеникот Кенан Хасипи запраша дали сето она што се случува во државата може да доведе до губење на датумот за преговори, на што вицепремиерот Бесими одговори дека застојот во проширувањето не треба да не демотивира и да не биде изговор за неспроведувањето на реформите.

Декларативно сите партии без разлика дали се на власт или во опозиција се за влез во ЕУ, но Македонија е се подалеку од членство во европското семејство, покажа неодамнешното истражувањето на Македонскиот центар за европско образование

Институтот за демократија неодамна објави истражување во кое едно од прашањата е дали бојкотот на Собранието од страна на опозицијата ќе доведе до застој во процесот на евроинтеграциите на државата. Од испитаниците, 46,8 проценти мислат дека бојкотот ќе се доведе до застој во евроинтеграциите, 37,4 проценти одговориле со НЕ, додека 13,9 проценти велат дека не знаат дали бојкотот на Собранието ќе се одрази на интегрирањето во Унијата.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG