Достапни линкови

Обама бара Русија да го искористи влијанието врз сепаратистите


Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама ја повика Русија да го искористи своето влијание за сепаратистите да обезбедат целосен пристап до местото каде се урна малезискиот авион во источна Украина. Според него, Русија и претседателот Владимир Путин имаат директна одговорност да ги натераат сепаратистите да соработуваат во истрагата.

Според него, тоа е најмалку што можат да направат и притоа додаде дека сепаратистите се одговорни за безбедноста на истражителите. Обама ги обвини сепаратистите дека отстраниле докази од местото на несреќата со што се покренува прашањето што тие сакаат да скријат.

XS
SM
MD
LG