Достапни линкови

Украина ја отфрла руската верзија за падот на авионот


Истражители на ОБСЕ на местото на падот на малезискиот авион во источна Украина

Истражители на ОБСЕ на местото на падот на малезискиот авион во источна Украина

Украинските власти ја негираа руската верзија за падот на малезискиот авион во источниот дел на земјата. Според нив, Москва се обидува да ја негира трагедијата. Портпаролот на Советот за безбедност на Украина, Андриј Лисенко изјави дека доказите сугираат оти ракетата, која го соборила авинот, била истрелана од терористите кои се снабдуваат со оружје од Русија.

Претходно руското министерство за одбрана соопшти дека украинските владини сили го преместиле воздушниот одбранбен систем во реонот каде била истрелана ракетата и дека воените авиони на владините сили биле присутни во времето кога авионот бил соборен.

XS
SM
MD
LG