Достапни линкови

logo-print

Нападната болница во Појасот Газа, 4 жртви


Во израелски ракетен напад настрадала една болница во централниот дел на Појасот Газа, при што загинале четири лица. Палестинското министерство за здравство соопшти дека болницата била нападната со 12 ракети. Погодени биле административната зграда, оделот за интензивна нега и и оделот за операции. Околу 60 луѓе биле повредени во нападот, од кои половина биле медицински персонал.

XS
SM
MD
LG