Достапни линкови

Бесими-Нема дилема за проширувањето на ЕУ


Вицепремиерот за евроинтерации Фатмир Бесими

Вицепремиерот за евроинтерации Фатмир Бесими

Вицепремиерот за евроинтерации Фатмир Бесими изјави денеска дека проширувањето на ЕУ со Западен Балкан останува составен дел на агендата на ЕУ и тука нема дилема. Бесими за изјавата на претседателот на ЕК Жан Клод Јункер и еврокомесарот Штефан Филе дека во наредните пет години нема да има прием на нова членка во Унијата истакна дека тоа произлегува од досегашното искуство и преговорите што се водат гледано според тоа кои земји во која фаза се.

Според него, тоа не смее во никој случај да демотивира или да биде изговор за неисполнување на одредени работи во однос на реформите и сите други прашања.

XS
SM
MD
LG