Достапни линкови

Јахјага-Косово подговено да ги исполни меѓународните обврски


Косовскиот претседател Атифете Јахјага

Косовскиот претседател Атифете Јахјага

Косовскиот претседател Атифете Јахјага денеска на шефот на специјалниот тим за истрагата на наводите за трговијата со органи Џон Клинт Вилијамсон му порачала дека земјата е подготвена да ги исполни своите обврски со цел истрагата конечно да заврши. Според соопштението, Јахјага е ангажирана пристапот на Косово да биде сеопфатен и дека истрагата нема да биде обид да и се суди на војната, туку начин да се истражат евентуалните индивидуални злосторства.

Јахјага на Вилијамсон му дала уверувања дека Косово е подготвено да се соочи со овие обвинувања во рамки на еден кредибилен процес и дека ќе ги исполни своите обврски со одговорност и достоинство тој да заврши и да се засили меѓународната позиција на земјата.

XS
SM
MD
LG