Достапни линкови

Нови напади во Ирак, десетици загинати


Во нападите во два ирачки града во текот на изминатата ноќ загинале најмалку 16 луѓе, додека 40 други биле ранети, соопштија ирачки официјални претставници. Во нападот во шиитските делови на градот Махмудија биле убиени единаесет цивили. Овој град се наоѓа на околу 30 километри јужно од Багдад. Во Абу Граби, град кој се наоѓа западно од Багдад, една воена патрола наишла на бомба поставена крај патот при што настрадале неколку војници. Тие биле дел од единицата вклучена во акцијата на владата за запирање на пробивот на сунитските борци во земјата.

XS
SM
MD
LG