Достапни линкови

Нова политичка партија на Aлбанците?


Борба за политички поени или обид да се контролира масата? Експертите со различни видувања на присуството на поранешни и актуелни политичари на протестите против Монструм.

Појавата на Зијадин Села, Хисни Шаќири и други за јавноста познати личности на протестите против пресудата за случајот „Монструм“, според некои експерти не мора да значи дека е обид за собирање на политички поени.

Присуството на такви лица таму заради себепромоција е погрешно, особено не затоа што тоа не се прави на таков начин.

Професор Никола Дујоски вели дека присуството на сегашни или поранешни политичари не треба да се разбира како обид за политичко профитерство, туку како можност за контролирање на толпата ако состојбите излезат од контрола.

„Присуството на такви лица таму заради себепромоција е погрешно, особено не затоа што тоа не се прави на таков начин. Не можете мирно да ја следите толпата, а да очекувате дека таа ќе се препознае во вас. Ниту еден од нив не одржа говор, тој не беше емитуван од медиумите итн. Сосема поразличен е пристапот кога сакате политички да привлечете некого, па да ги кажете сопствените ставови токму во таков критичен момент или барем гласно да ја кажете сопствената визија, сопственото мислење во однос на судската одлука, еве да речеме“, вели Дујоски.

Албанците во Македонија се во потрага по барање на нов политички лидер на Албанците, бидејќи двајцата политички лидери го губат теренот бидејќи не се во можност да ги решаваат проблемите од 2001 година наваму.

За разлика од него, пак, политичкиот аналитичар Арсим Синани вели дека албанското политичко општество е зрело за нова политичка опција. Според него, револтот на граѓаните бил насочен токму кон актуелното албанско лидерство.

„Албанците во Македонија се во потрага по барање на нов политички лидер на Албанците, бидејќи двајцата политички лидери го губат теренот бидејќи не се во можност да ги решаваат проблемите од 2001 година наваму“, вли Синани.

Паролите против актуелните лидери на ДУИ и ДПА не значат вистински револт кон Ахмети и Тачи, уверува Дујоски. Мала група од демонстрантите можат да се препознаат во тој контекст, а сите други се по инерција и имаат поразлични видувања, вели Дујоски.

„Тоа што демонстрантите го извикуваат, мала група од тие луѓе се препознава во тој начин, а сите други се таму онака по инерција и тие имаат сосема поразлични видувања. Тие не се таму и не беа таму за да протестираат нити против Ахмети, нити против Тачи, туку за да изразат незадоволство против одлуката на македонскиот суд“, вели Дујоски.

Простор за нова партија и поинаква опција од моменталните има, но не со стари лица, се согласуваат нашите соговорници. Синани вели дека по долгогодишно постоење на една политичка партија очекувани се внатрешни недоразбирања и промена на раководството или, пак, појава на ново политичко движење кое би можело да прерасне во партија.

„Овие политички партии веќе немаат легитимитет после овие случувања во Скопје. Јас мислам дека ова албанско водство има големи потешкотии“, вели Синани.

Досегашното искуството, пак, покажува дека сите обиди на помалите албански партии да добијат значително место на политичката сцена во земјава се без успех. Простор за повеќе има само ако се случи сериозен расцеп на некоја од поголемите партии, но поучени од искуството дека отцепените фракции не опстануваат долго време, веројатноста дека тоа ќе се случи е сè помала.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG