Достапни линкови

Најмногу коментари за колумните на политичките подмладоци


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Младинските он-лајн колумни на претседателите на подмладоците на ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-НП предизвикале најголем интерес кај читателите изминатата недела.

Е ова е веќе нешто, ја коментира младинската он-лајн колумна на Дино Блажевски, претседател на младината на ВМРО-НП, со наслов „Слободен четврток“, некој посетител на нашата веб-страница потпишан како „Младо дете“ од „Секаде“. Дејан смета дека првиот чекор требало да го преземат студентите затоа што проблемот бил студентски. „Сепак, ова е Македонија“, додава Дејан, „и секое незадоволство надвор од владината коалиција е ’партиско‘, зарем не?“, двосмислено завршува Дејан.

Сепак, ова е Македонија и секое незадоволство надвор од владината коалиција е ’партиско‘, зарем не?

Илустрација.

Илустрација.

Незабеган, пак, го потсетува дека Сојузот на студентите е продолжена рака на МВРО-ДРПМНЕ, па затоа другите млади кажуваат за своето незадоволство. Ана се надоврзува дека многумина добиле погрешен впечаток за подмладоците, па затоа се омразени, вели, плус тотален медиумски мрак за истите - и како сакате проблемите со кои се соочуваат младите да излезат на виделина. Милисав како да е лут и на студентите и на пензионерите, за кои коментира дека овие две групи биле најповластени. „Да било напорно и скапо не би студирале толкав број млади. Сите дотерани по последна мода со најскапи телефони се мавтаат по улици“, резигнирано пишува Милисав од Ранковце.

Во финалето играат Северна Кореја и Македонија. Останува само едно скромно известување дека овојпат Македонија е финалист, а екипата е предводена од економскиот тим на владата на чело со господин Никола Груевски.

Првиот младинец, пак, на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски, во младинската он-лајн колумна за Радио Слободна Европа на македонски, го комбинира спортот со политиката, по неодамнешното светско фудбалско. Па се надоврзува на оние кои СДСМ го споредуваат со Бразил, а партијата на своите повозрасни сопартијци со Германија. Гоце веднаш му одговара на неговите фалби за вработувањата на младите - „7000 вработувања за 8.000 денари, дај си отказ и вработи се таму, млад господине демагог“.

Александар иронично коментира дека Нелоски, како скромно момче, треба да ни соопшти дека „во финалето играат Северна Кореја и Македонија. Останува само едно скромно известување дека овојпат Македонија е финалист, а екипата е предводена од економскиот тим на владата на чело со господин Никола Груевски“.

Миле од Струмица запишал дека „во спортот има ферплеј, а во политиката не, особено не во ДПМНЕ“. МКД, како последен во рубриката, мисли дека „тоа што се затрчавте да напишете е само потврда дека типов ја има погодено точно жицата што најмногу боли“.

Пеонец реагира на изјавите при неодамнешната посета на земјава на високата функционерка на Стејт департментот, Викторија Нуланд, со заклучокот дека „да се изјави дека САД ги поддржуваат реформите за земја која фактички е во длабока криза и пред распад е иронија и терање мајтап со народот“. Незабеган, пак, напишал дека Нуланд губи време со Груевски зашто сите ја знаат неговата одушевеност со „товариш Путин“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG