Достапни линкови

СБ на ОН повика на прекин на огнот на Блискиот Исток


Најмалку деветмина Палестинци, од кои седум деца, загинале изутрината во воздушниот напад на израелската војска врз Појасот Газа.

Најмалку деветмина Палестинци, од кои седум деца загинале изутрината во воздушниот напад на израелската војска врз Појасот Газа, соопштија болнички извори.

Советот за безбедност на ОН ги повика двете страни да го почитуваат меѓународното хуманитарно право, посебно заштитата на цивилите.

Се наведува дека сите биле од исто семејство и биле заедно кога нивната куќа била погодена со бомба.

Во меѓувреме, Советот за безбедност на Обединетите нации изрази голема загриженост поради растечкиот број на жртви во судирите во Појасот газа и повика на итен прекин на огнот.

Во декларацијата усвоена по над два часа консултации зад затворена врата, сите 15 членки на Советот за безбедност побараа од Израел и од палестинското радикално движење Хамас да ја прифатат Спогодбата за прекин на огнот, усвоена во ноември 2012 година.

Советот ги повика двете страни да го почитуваат меѓународното хуманитарно право, посебно заштитата на цивилите.

Сите членки изразуваат исклучителна загриженост поради ескалацијата на насилствата и ги поздравија напорите на Египет и на генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун за постигнување примирје.

Тој се наоѓа на турнеја по Блискиот Исток како дел од напорите за посредување во судирите меѓу израелците и Хамас.

Од почетокот на судирите на 8 јули загинале неколку стотици Палестинци и дваестина израелски војници. Тоа е најжесток судар меѓу двете страни од ноември 2012 година.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG