Достапни линкови

logo-print

Притисок врз Москва за падот на малезискиот авион


Тим холандски експерти стигнa на местото каде што во минатиот четврток малезискиот авион се урна во источна Украина. Во истовреме, расте нервозата поради тоа што проруските сепаратисти ја попречуваат истрагата за причините на несреќата.

Холандскиот премиер Марк Руте, чија земја загуби најмногу свои државјани - 192 лица, во трагедијата која се случи на 17 јули, изјави дека тимот има задача да ги идентификува жртвите.

Имав интензивен телефонски разговор со рускиот претседател. Му кажав дека има уште една последна шанса да му покаже на светот дека мисли да помогне. Тој сега мора да је преземе одговорноста за бунтовниците и да им покаже на Холанѓаните и на светот дека ќе го стори она што тие го очекуваат од него.

Според него, приоритет број еден на владата е враќање на телата на жртвите во Холандија.

Холандскиот премиер Марк Руте

Холандскиот премиер Марк Руте

„Имав интензивен телефонски разговор со рускиот претседател. Му кажав дека има уште една последна шанса да му покаже на светот дека мисли да помогне. Тој сега мора да је преземе одговорноста за бунтовниците и да им покаже на Холанѓаните и на светот дека ќе го стори она што тие го очекуваат од него“, изјави Руте.

Телефонски разговор со Путин имаше и австралискиот премиер Тони Абот кој оцени дека местото на падот на авионот повеќе изгледало како исчистена градина, отколку како место каде што се врши форензичка истрага.

Се што ми кажа беше навистина исправно и сега очекуваме да биде добар како и неговите зборови.

„Се што ми кажа беше навистина исправно и сега очекуваме да биде добар како и неговите зборови“, изјави Абот.

Меѓу жртвите на соборениот патнички авион има над 30 Австралијци.

Австралија, Франција и Литванија имаат поднесено резолуција до Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара целосен пристап до местото на падот, како и независна истрага.

Вчера проруските сепаратисти собраа околу 200 тела во четири вагони ладилници.

Според новинската агенција Асошиетед прес, украинската Агенција за итни случаи соопштила дека вкупниот број на пронајдени тела бил 251, со дестина делови од тела, што според ОБСЕ сугерира дека некои изгореле без никакви траги.

Од падот на авионот, меѓународните истражувачи се уште имаат ограничен пристап до местото.

Најдовме извесни технички делови од авионот за кои претпоставувам дека се таканаречните црни кутии. Тие се во Доњецк и под моја контрола. Очекуваме претставници на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство за да им ги предадеме.

Лидерите на Британија, Франција и Германија во синоќешните телефонски разговори со рускиот претседател Путин побарале да го искористи своето влијание врз сепаратистите и да овозможи враќање на телата на жртвите во нивните земји и пристап на меѓународни истражители во собирањето докази за падот на малезијскиот авион.

Лидерот на бунтовниците Александар Бородај ги отфрли наводите дека бунтовниците се обидувале да ги фалсикуваат доказите и оти ќе ги врати црните кутии со податоци за летот и со комуникацијата со пилотската кабина.

„Можам да ви кажам дека најдовме извесни технички делови од авионот за кои претпоставувам дека се таканаречните црни кутии. Тие се во Доњецк и под моја контрола. Очекуваме претставници на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство за да им ги предадеме“, рече Бородај.

Во меѓувреме, Соединетите Држави објавија дека имаат силен доказ оти проруските бунтовници го погодиле авионот со руска ракета земја воздух.

„Русија ги поддржува овие сепаратисти. Русија ги вооружува овие сепаратисти. Русија ги тренира овие сепаратисти и Русија се уште не презеде никакви работи неопходни тие да бидат под контрола“, изјави американскиот државен секретар Џон Кери во интервју за Си Ен Ен.

На 17 јули светот беше шокиран од веста дека авион на Малезија Ерлајнс на летот Амстердам-Куала Лумпур бил, како што се верува, соборен со ракета над источна Украина.

Авионот се урна во регион под контрола на проруските сепаратисти. Сите 283 патници и 15 членови на екипажот загинаа.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG