Достапни линкови

Холандски експерти ќе ги идентификуваат жртвите од авионската несреќа


Тим од холандски експерти денеска се очекува да пристигнат на местото на кое падна малезискиот авион во источна Украина. Холандскиот премиер Марк Рут чија земја изгуби 192 граѓани на трагедијата на 17 јули, изјави дека холандски тим ќе помогне да се идентификуваат жртвите. Вчера про-московските бунтовници ставија речиси 200 тела од малезискиот авион во четири железнички вагони ладилници. Украинскиот заменик-премиер Владимир Гројман рече дека тие подоцна ќе бидат преземени во лабораторија во Харков, на околу 250 километри северно од местото на несреќата и далеку од бунтовниците кои ја држат територијата. Повеќе од три дена од денот на несреќата, меѓународните истражувачи се уште имаат ограничен пристап до полињата каде што авионот падна.

XS
SM
MD
LG