Достапни линкови

Советот за безбедност ги осуди насилствата во Појасот Газа


Советот за безбедност на Обединетите Нации изрази загриженост во врска со зголемувањето на бројот на жртви во појасот Газа и повика на крај на непријателствата.До средбата доцна синоќа дојде откако генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун убиството на десетици Палестинци од израелскиот напад го осуди како "крволочна акција" . Говорејќи во Катар на првата станица од регионалната турнеја, Бан, исто така повика на итен прекин на речиси двонееделите борби во кои загинаа повеќе од 400 животи. Повеќе од 60 Палестинци и 13 израелски војници беа убиени на 20 јули во најкрвавите борби во 13-дневната офанзива.

XS
SM
MD
LG