Достапни линкови

Египетскиот претседател го осуди нападот врз граничарите


Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси изјави дека нападот во кој загинале 22 граничари нема да остане неодговорен. Египетските воени граничари биле убиени на границата со Либија на 19 јули. Сиси вчера изјави дека "тероризмот ќе биде отстранет од секој дел на Египет." Тој, исто така прогласи тридневна жалост за граничната полиција.Безбедносните официјални лица соопштија дека напаѓачите биле шверцери. Но, портпаролот на армијата на неговата Фејсбук страница напиша дека "терористи" (терминот кои властите го користат кога сакаат да ги опишат исламистичките милитанти ) стојат зад нападот. Според него, складиштето со оружје било разнесено од ракетна граната во меѓусебна престрелка, при што загинале 22 војници, а четворица други биле повредени. Нападот се случил во област која граничи со Судан и Либија. Двајцата напаѓачи биле наводно убиени во судирите.

XS
SM
MD
LG