Достапни линкови

Иран ги исполнил обврските од привремениот нуклеарен договор


Меѓународната агенција за атомска енергија соопшти дека Иран ги уништил неговите најголеми залихи на збогатен со ураниум гас како што и вети според привремениот нуклеарен договор потпишан со шестте светски сили минатата година. Во најновиот извештај Агенцијата, која работи со ОН за нуклеарни прашања, пишува дека Иран ги исполнил условите на договорот, кој требаше да истече на 20 јули, но беше продолжен минатата недела до ноември. Според договорот Техеран требаше да го прекине збогатувањето ураниум за 20 проценти и мораше да ги разреде или конвертира преостанатите залихи материјал. Иран и Кина, Русија, Германија, Велика Британија, Франција и САД не успеаја минатата недела во Виена го го запазат рокот за конечен договор за контроверзната иранска нуклеарна програма. Иран и понатаму тврди дека неговата нуклеарна програма е само за мирољубиви цели.

XS
SM
MD
LG