Достапни линкови

Нови жртви во бомбашки напади во Ирак


Девет луѓе загинаа во претежно шиитски град Махмудија јужно од Багдад доцна синоќа. Полицијата соопшти дека минофрлачки оган погодил религиозен објект. Полицијата во Махмудија информираше дека минофрлачки гранати паднале во близина на верски објект посветен на Хусеин, маченикот во шиитски традиција. Не е познато кој стои зад нападот. Во речиси исто време две бомби, експлодирале во областа Абу Граиб западно од Багдад, при што загинале пет шиитски волонтери борци. До нови насилства доаѓа еден ден по најкрвавиот ден во Багдад, отакако по сунитскиот бунт беа зазедени големи делови од северен Ирак минатиот месец. Најмалку 27 лица загинаа во бранот бомбашки напади во главно шиитски муслимански области во Багдад. Исламската држава група ја презеде одговорноста за неделните бомбашки напади.

XS
SM
MD
LG