Достапни линкови

Ердоган го повика Вашингтон на самокритичност


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган го повика Вашингтон да биде самокритичен откако Стејт департментот ја оцени неговата изјава, која ја осудува израелската офанзива во Газа, како навредлива и погрешна.

- Ако Америка продолжува да тврди дека „Израел го користи своето право на самозаштита“, неоспорно е дека Америка е таа, која треба да биде самокритична, изјави Ердоган.

Портпаролот на Стејт департментот Џен Псаки ја оцени како навредлива и погрешна изјавата на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган на адреса на Израел, во која тој изјави дека европската применува „државен тероризам и геноцид во Појасот Газа“.

XS
SM
MD
LG