Достапни линкови

Украина – сепаратистите ги принудиле спасителите да им ги предадат телата на настраданите


Вооружените бунтовници денеска ги принудиле спасувачите да ги предадат сите 196 тела најдени на местото каде што падна Малезискиот авион и да ги стават во железнички вагони-ладилници за да ги дислоцираат во еден град кој го држат бунтовниците,соопштија официјални украински претставници.Наталија Хуружаја вработена на железничката станица во Торез,место кое е 15 километри од местото каде падна авионот,рекла дека било планирано возот да оди до градот Иловајск кој се наоѓа 35 километри од руската граница.Руската новинска агенција наведе дека телата ќе бидат пренесени во упориштето на бунтовниците, Доњецк.

Украинските официјални претставници рекоа дека очекуваат телата да бидата однесени во градот Харков што го контролираат Украинските власти,но уште не е познато дали бунтовниците ќе се согласат со тоа.

Претходно портпаролката на Украинското министерство за вонредни сосотојби рече дека спасителите биле принудени да ги предадат телата на вооружени луѓе и дека не знаат каде ќе бидат однесени.


XS
SM
MD
LG