Достапни линкови

Украина-постигнат договор за дислоцирање на телата на жртвите


Украинската Влада и проруските сепаратисти денеска постигнаа прелиминарен договор за дислокација на телата за загинатите од малезискиот авион што се урна во четвртокот во источна Украина, соопшти украинскиот вицепремиер Володимир Гројсман.

Тој нагласи дека согласно договорот, на украинската служба за вонредни сотојба и на меѓународните набљудувачи ќе им биде дозволено да ги пренесат телата на безбедно место, без да прецизира каде.

Договорот е постигнат откако светската јавност беше шокирана поради фактот дека телата на жртвите ни по два дена од падот на авионот не се однесени од местото на несреќата во која настрадаа 298 луѓе.

Американскиот Стејт Департмент претходно соопшти дека одбивањето на про руските сепаратисти на истражителите да им овозможат целосен пристап до местото на несреќата е навреда за сите кои ги загубиле своите најблиски.

XS
SM
MD
LG