Достапни линкови

Ирачките христијани си заминaa од Мосул


Ирачките христијани си заминaa од северниот град Мосул, откако исламистичките милитанти се заканија дека ќе ги убијат , ако не се конвертираат или да плаќаат посебен данок. Стотици христијански семејства,ги напуштиле своите домови во Мосул пред истекот на ултиматумот од Исламската држава, синоќа на полноќ. Агенциите јавија дека практично нема христијани кои останале во градот. Милитантите, во пораките емитувани од џамии, се закнуваа дека ако христијаните не се придржуваат кон нивните услови, за нив нема да има ништо освен меч.

XS
SM
MD
LG