Достапни линкови

Набљудувачите имаат малку поголем пристап до несреќата


Меѓународните набљудувачи од Организацијата за европска безбедност и соработка рекоа дека сега им бил дозволен малку поголем пристап до местото каде што падна Малезискиот авион во Украина ,макар што вооружените сепаратисти повторно ги спречиле да дојдат до некои остатоци од леталото. Сепаратистите на 18 јули на инспекторите им ја оневозможија посетата на местото на несреќата. Американскиот државен секретар Џон Кери му кажал на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, дека Вашингтон е загрижен поради оневозможувањето правилен пристап за меѓународните истражители и набљудувачите на ОБСЕ. Премиерот Дејвид Камерон изјави дека европските земји треба да ја искористат нивната моќ во справувањето со Украинската криза .

XS
SM
MD
LG