Достапни линкови

Времето денеска-Сончево, попладне краткотраен дожд


Сончево и потопло време ќе преовладува денеска во Македонија, а попладне во источните планински подрачја можна е појава на краткотраен дожд.

Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе се движи од 24 до 35 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне можна е појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе достигне до 32 степен.

Од вторник, според прогнозата на Управата за хидрометеролошки работи, се очекува повторна дестабилизација на времето со поројни врнежи од дожд и грмежи. Ќе дува умерен до повремено засилен јужен ветер.

XS
SM
MD
LG