Достапни линкови

logo-print

Германија ја предупреди Русија за Украина



Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер изјави дека Москва се соочува со својата последна шанса да докаже дека е сериознa во врска со мирот во Украина, по соборувањето на Малезискиот авион во Источна Украина. Штајнмаер ги даде овие забелешки за германските медиуми откако германската канцеларка Ангела Меркел побара од рускиот претседател Владимир Путин да го употреби своето влијание врз про-руските сепаратисти во Украина. Штајнмаер и Меркел кажаа дека Русија не прави доволно за да се спречат бунтовничките борци во источна Украина како и пратките на оружје и борци од Русија во Украина. Меркел и Путин се согласија дека дипломати од Организацијата за безбедност и соработка во Европа треба да се сретнат со сепаратистите, украински официјални лица, и со руски дипломати за да се обидат да постигнат прекин на огнот во источниот дел на Украина.

XS
SM
MD
LG