Достапни линкови

Општина Центар-ДУП-овите не се донесени законски


Општина Центар, преку соопштение се огласи дека измнеите на ДУП-овите „Тасино Чешмиче“ и „Капиштец“ кои вчера се изгласаа на седница на Советот, не се легално донесени, бидејќи според Законот за локална самоуправа, прописите се донесуваат со мнозинство на гласови од вкупниот број членови на советот, доколку поинаку не е определено со овој или друг закон.

Овие урбанистички планови вчера беа изгласани со 11 гласа „за“ од советниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. „Против“ гласаше само претседавачот на Советот, Мирослав Шиповиќ, додека опозициските советници и градоначалникот Андреј Жерновски, во знак на револ претходно ја напуштија седницата.

XS
SM
MD
LG