Достапни линкови

Бројот на загинати во Газа се искачи на 330 лица


Палестински официјални лица соопштија дека во денешните израелски воздушни напади загинале повеќе од 25 луѓе во Газа, со што бројот на загинати во изминатите 12 денови на насилства се искачи на 330 лица. Израел почна да ја бомбардира територијата што е под контрола на Хамас како одговор на ракетните напади од палестинските милитанти во Израел. Илјадници израелски војници влегоа во Газа пред два дена за да уништат тунели и сокриени ракетни лансери на милитантите. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун денеска треба да пристигне на Блискиот Исток за да посредува за прекин на огнот. Американскиот претседател Барак Обама вчера во телефонски разговор му кажал на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да се минимизира бројот на цивилни жртви во офанзивата против милитантите, а дека САД го поддржуваат правото на Израел на самоодбрана.

XS
SM
MD
LG