Достапни линкови

Убиени 11 милитанти во напад во Пакистан


Во напад на американски беспилотни летала убиени се 11 милитанти во северозападниот регион во близина на границата со Авганистан. Пакистански официјални лица изјавија дека меѓу загинатите се двајца командантите на пакистанските талибанци. Нападот се случи додека продолжува офанзивата на Пакистан против талибанците и другите милитантни групи во Северен Вазиристан што почна на крајот на мај. Со години, оваа областа е упориште на исламистичките милитанти меѓу кои и на борците на Ал-Каеда.

XS
SM
MD
LG