Достапни линкови

Автобус излетал од патот кај Куршумлија


Повеќе десетици патници се повредени, од кои десет потешко, кога автобус од Подуево, кој сообраќал на релација Салцбург-Приштина, од засега непознати причини излетал од патот кај селото Рударе, во близина на Куршумлија..

Повредените се пренесени во здравствените домови во Прокупље и во Куршумлија, каде се утврдува степенот на нивните повреди.

Несреќата се случила во седум часот утрово.

Во автобусот се наоѓале 49 патници, а причините за несреќата се испитуваат

XS
SM
MD
LG